|

Според Киев, руската страна досега има загуби од 4.300 војници, 146 тенкови, 27 авиони и 26 хеликоптери

Украинската заменик-министерка за одбрана, Хана Малијар, денеска објави дека руските сили од почетокот на нападот во Украина имаат околу 4.300 жртви.

Таа додаде дека бројката се уште се утврдува.

Малијар на својот фејсбук-профил уште објави дека загубите во техника на руските сили се околу 146 тенкови, 27 авиони и 26 хеликоптери

Слични Објави