СРЕДБА СО ГРАЃАНИ НА УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ КЈП И ПБК

//

Денеска, четврток (21.06.2018), со почеток во 19:00 часот, на спортското игралиште на ул. “Стрезово” (кај Угостителско училиште “Лазар Танев”) ќе се одржи средба со граѓани од урбаните заедници Кузман Јосифовски – Питу (КЈП) и Пеце Божиновски – Кочо (ПБК), со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, претставници од Полициската станица Карпош и СВР Скопје.

Оваа средба е во рамки на проектот за зголемена безбедност во Карпош, заштита на јавниот ред и мир и превенција од имотни и други прекршоци на територија на Општината.

Граѓаните имаат шанса да се информираат за ризичните места во нивната општина (неосветлени катчиња, небезбедни игралишта и паркови), како и да добијат информации за активностите и мерките што ќе ги преземат надлежните со цел зголемување на безбедноста во нивното маало.

Исто така, градоначалникот Богоев ќе информира и за проектите на локалната самоуправа предвидени за овие урбани заедници.



Ви благодариме за присуството.



Претходна статија

КАРПОШ – ПРИМЕР ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКИТЕ И ШКОЛИТЕ

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ ДОДЕКА ГО МЕНУВА ИМЕТО ЈА ЗАДОЛЖИ ДРЖАВАТА ЗА НОВИ 7.1 МИЛИОН ЕВРА СО КАМАТА ОД 3.2 МИЛИОНИ ЕВРА

Најново од Вести