| |

Стапката на сиромаштија во Северна Македонија во 2023 година изнесува 22,2 %

Според Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика ја утврди стапката на сиромаштија во Република Северна Македонија за 2023 година.

Во 2023 година, 22,2 % од населението живеело под прагот на сиромаштија, кој е дефиниран како 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Анализата покажува дека сиромаштијата е најмалку изразена кај домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца, каде стапката изнесува 17,8 %.

Според најфреквентниот статус на економската активност, сиромашни вработени лица во 2023 година имало 8,4 %, додека меѓу пензионерите 11,3 % живееле под прагот на сиромаштија.

Коефициентот на Џини, кој ја мери нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесувал 30,3 %, што укажува на значајно ниво на нерамномерна распределба на приходите во државата.



Слични Објави