СТЕФОСКА: КАЈ СИТЕ НАС Е ОДГОВОРНОСТА ЗА ГУБЕЊЕТО НА СТАТУСОТ НА УНЕСКО ЗА ОХРИД

За да одговориме на препораките и барањата на Центарот за заштита на светското културно наследство од УНЕСКО, одговорноста мора да ја понесеме сите, рече министерката за култура, Ирена Стефоска.

loading...

„Охрид и Охридскиот Регион мора да станат национален стратешки приоритет, точка на обединување, и само така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од Центарот за  заштита на светското културно наследство на УНЕСКО. Не амнестирам никого од одговорност, но, за жал, има институции кои не си ја завршуваат работата“, рече Стефоска.

Дивоградбите во Охрид и негрижата за недвижното културно наследство беа посочени од Комисијата на УНЕСКО како најголема причина Охрид да го загуби статусот и да биде избришан од листата на светско културно наследство.



loading...