СТЕНД АП ШОУ НА НИКОЛА ЃУРИЧКО ВО СКОПЈЕ И ШТИП
Познатиот српски актер и водител Никола Ѓуричко на 15 ноември во Домот на АРМ ќе настапи со своето стенд ап шоу „Сè што сте сакале да знаете за Џони, а не сте смееле да го прашате“, со кое на 16 ноември ќе гостува во Штип.
Тој во својот стенд ап дава одговор на прашањата: Што морал да пее во прво одделение, за колку пари ги продавал туристичките аранжмани за Хаваи, зошто носел хеланки, како добил две наградни излегувања во град… Ѓуричко објаснува и како правилно се користи кондом и што не смее никогаш да се става во очи и многу други интересни работи.
Ова стенд ап шоу веќе две години се прикажува во регионот. Ѓуричко (45) е актер, музичар и телевизиски водител кого јавноста го препознава по улогите во филмовите „Ќе се вратат штрковите“, „Зона Замфирова“, „Ивкова слава“ „До коска“.

