СТЕРЛИНГ СЕ ИЗВИНУВА: МЕ СОВЛАДАА ЕМОЦИИТЕ, СО ГОМЕЗ СМЕ ОК

Рахим Стерлинг е суспендиран од Англија за натпреварот со Црна Гора во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020, откако синоќа предизвика инцидент со Џо Гомез.

Фудбалерот на Манчестер сити имаше блиска средба со дефанзивецот на Ливерпул уште во неделата на нивниот меѓусебен дуел во рамки на Премиерлигата. Очигледно нервозата од поразот од 3-1 на „Енфилд“ ја пренел и во тренинг-кампот на „Гордиот албион“.

Тој доби казна поради инцидентот со Гомез, но денеска веднаш се извини преку „Инстаграм“.

„Како прво сите знаат што значи тој натпревар за мене. Сите знаат дека тоа не е моето вистинско лице и морам да кажам дека, јас и Џо имавме разговор, ги решивме работите и продолжуваме понатаму. Играме спорто во кој емоциите играат голема улога и јас сум доволно голем маж да признаам дека ме совладаа емоциите. Затоа и го играме овој спорт, поради големата љубов која ја имаме за него. Јас и Џо сме ОК и двајцата разбираме дека тоа беше момент од 5 до 10 секунди и одиме понатаму, не сакаме да направиме нешто поголемо од она што е. Ајде да се фокусираме на натпреварот во четврток“, напиша Стерлинг.

Извор: Спорт1

Слични Објави