Министерот Љупчо Николовски ги вработил својот чичко и баратучед во Македонска навигација, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
„Љупчо Николовски, министерот кој што требаше да се бори со корупцијата е заплеткан во нов сериозен сомнеж дека негови роднини се вработени во јавната администрација. Македонска навигација е државна агенција каде што просечната плата е далеку и неколкукратно поголема од просечната и е докажано легло за партиски и непотистички вработувања на власта на Зоран Заев. Николовски мора да одговори по јавните прозивки за тоа дека негови роднини, чичко и братучеди, се вработени во МНАВ токму во периодот кога тој е на функција која што треба да биде пример за спречување на непотизмот и корупцијата – рече Стоилковски.
Тој ДКСК да го испита случајот, со што како што рече, ќе ја докажат причината за своето постоење како паралелно тело на министерството на Љупчо Николовски.
Тој побара и укинување на министерството со кое министерува Николовски.
Според него, неразбирливо е во време кога 55.000 работници останале без плата и без работа, министрите на Зоран Заев да вработуваат роднини во државната администрација за плати од по 100.000 денари.
„МНАВ е агенција каде што и до сега беа скандалозно вработувани роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДСМ, без соодветно образование, до степен да постоеја јавувања за притисоци и беа менувани и членовите на комисијата за прием на работа – рече Стоилковски.