СТОЈАНОВИЌ СИ ЗАМИНУВА ОД МЕТАЛУРГ

Дамир Стојановиќ повеќе нема да биде тренер на екипата на Металург, јавува порталот „Г-спорт“.

Српскиот стратег дојде во Автокоманда ова лето, го водеше тимот низ подготовките и на стартот од сезоната, но наводно е договорен раскин на соработката. Официјални причини засега нема, но „металурзите“ ќе бидат во потрага по нов тренер.

Под водство на Стојановиќ, Металург сезонава во Суперлигата оствари две победи и реми против Пролет во последното коло. Тимот минатата среда беше поразен и во Суперкупот од Вардар.

Слични Објави