|

СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА СТУДИРААТ БЕСПЛАТНО НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО БУГАРИЈА

Студентите од бугарската дијаспора во Албанија, Косово, Молдавија, Република Македонија, Украина и Србија ќе студираат бесплатно во Бугарија, тоа станува јасно од донесените акти на бугарската Влада, што се однесуваат на бугарските државни институции за високо образование. Предвидени се измени на четири нормативни акти донесени претходно од Владата на Бугарија.

Досега, овие студенти плаќаа такса за нивното образование како бугарски државјани, освен ако со специфичната земја од која доаѓаат не постои билатерален договор за ослободување од школарина.

Измените и дополнувањата на Уредбата за правилата и постапките за доделување стипендии на студенти, докторанти и специјалисти на државните високообразовни институции и научни организации предвидуваат безусловно доделување на стипендии во висина од 120 евра за првата година на студирање на примените студенти од Албанија, Косово, Молдавија, Македонија, Украина и Србија. Амандманот ќе ги опфати новопримените студенти за учебната 2020/2021 година.

Уште едно олеснување за студентите кои се пријавуваат е дека ќе можат да ги доставуваат своите документи онлајн.

Слични Објави