СВЕДОК ПО СКАЈП ОД ГЕРМАНИЈА: АЛИМИ И ГУРИ ЗЕМАА ЗАПИСНИЦИ ОД ГЛАСАЊЕТО ВО ЧАИР

//

По скајп од суд во Германија, сведокот Ресмије Беслимова сведочи за „Титаник 3“ за изборни нерегуларности во Чаир 2013 година.

Таа рече дека обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури влегле во канцеларијата на општина Чаир каде се носеле записниците. Неколку пати влегоа и ме прашаа дали може да се напрви далавера.

Бислимова раскажа дека Алими зел дел од записниците. Ги скрил под палтото. Сведокот објасни дека не реагирала, била многу исплашена. По некое време Гури и Алими ги вратиле записниците.

Не рекла ништо зашто била многу уплашена, раскажа Беслимова по скајп врска. Бислимова рече дека резултатите ги внеле во компјутер од гласањето во Чаир.





Претходна статија

БОКИ ПОБАРАЛ ДА НЕ СВЕДОЧАТ ТОДОРОВИЌ, ПАНДЕЛЕСКИ И РЕМЕНСКИ

Следна статија

МАКЕДОНИЈА ГИ ЧЕКА ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА ЛИГА НА НАЦИИ – ДОЈДЕ ЛИ ВРЕМЕ ЗА ДУЕЛ СО ГРЦИЈА?

Најново од Вести