|

Светската ѕвезда Ема Шаплен со својот прв концерт во Софија

Шаплен ќе ги претстави своите ремек-дела во придружба на електронска музика, хор и гудачки оркестар.

  Песните „Spente le Stelle“ и „La Notte Eterna“ во нејзината изведба се одликуваат со мистичен и кристален звук кој ги плени слушателите. Нејзиниот албум „Carmine“ е продаден во над 8 милиони примероци во 25 земји во светот.

Ема Шаплен има настапувано на некои од најпознатите сцени во светот – Акропол во Атина, Грчката арена „Олимпија“, Големата палата на Кремљ во Москва и Еспланадата во Сингапур. Во Израел пееше во арената Цезаре и во Холандија во театарот „Carre“. Импресивен е и нејзиниот настап во новооткриениот римски мавзолеј на отворено во близина на Белград, каде што пееше пред 10.000 луѓе.

Француската пејачка одржа концерт и на местото на огромен храм на Бали, како и на тунискиот брег Хамамет. Во Буенос Аирес пееше во театарот Колисео, а во Монако учествуваше на настан за лизгање на мраз организиран од принцот Алберт.

Ема Шаплен е родена на 19 мај 1974 година во предградијата на Париз. Музичката кариера ја започна во 1998 година под водство на познатите учители Регин Креспен и Ирина Боготчева.

Фото: БГНЕС

Слични Објави