| |

Т. МИЦКОВСКА: ЗОО СКОПЈЕ ЈА ИМА НАЈЕВТИНАТА КАРТА ВО СВЕТОТ

„Зоо Скопје ја има најевтината карта во светот. Дури и во мини зоолошки со три зајачиња и козички цената не е 50 денари, а ниту пак 80 ден. Цела ноќ истражував цени низ целиот свет и никаде не најдов поевтина од 3 евра. Кај нас со новите промени ќе биде 1.30 €
Сите се радуваат дека се менува нешто во Зоолошка, се носат нови животни, се реновира, се купува првокласна храна, но сето тоа чини. Многу чини и зимно време греење, летно време ладење. Со тие 30 денари плус, нема многу од овие работи да се платат, но барем ќе има можност заедно со донациите и спонзорствата да се направи многу повеќе. Зарем не сакате животните да имаат најдобри услови, а посетителите да уживаат во зелени катчиња и чиста Зоо? Зарем толкава институција со толку обем на работа може да ја одржуваат само 24 луѓе кои треба да работат деноноќно за да постигнат се? Зошто со дел од тие пари да не најмиме поголемо обезбедување, поефикссен мониторинг систем, да се примат нови зоо негуватели кои со љубов ќе работат? Верувајте, тие 30 денари се неопходни за оваа установа да функционира.
Порано цените за кино, театар, музеи и Зоо биле исти, а денес сите влезници и сами знаете колку чинат, само во Зоолошка каде што живеат живи суштества кои бараат љубов, нега и внимание останале исти. Размислете сите и 80 денари е малку, кога за споредба се даваат по 300 за кино, за театар, за изложба. Зошто за овие мили животинки да не може да се одвои толку буџет? За дечиња до 3 години влезот е бесплатен, кафе имате од 10 до 70 ден, јадење исто од 15-100 ден, сокчиња од 20-80 ден, места за одмор, игралишта… Едноставно со буџет од 500 ден, четиричлено семејство може цел ден да го помине во Зоо со ужинка, кафе, сокче, влез и одмор. А не бараме многу, само да го почитувате кодексот на однесување во Зоо, кој и покрај се не се почитува од голем број и се прават ненормални работи. Четиричлено семејство во кино час и половина? Знаете и сами колку чини. Таму ако сте гласни, плукате, ги замарате другите посетители ќе бидете отстранети и со наведната глава ќе го напуштите објектот. Во Зоо, плукаат по мене и вртат телефони зошто платиле 50 денари, а се изживувале врз животни.
Да бидеме совесни, свесни и да го цениме она што ни се пружа“- напиша на својот facebook профил PR на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска.



Слични Објави