Таборот на Села најави промена на министрите Меџити и Алиу: „Оваа работа денес ќе биде завршена“
Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Аднан Незири, изјави дека денес ќе бидат разрешени министрите од редовите на нивната партија Фатмир Меџити за здравство, и министерот за информатичко општетство и администрација, Азир Алиу.
Незири рече дека врз основа на идеолошките и програмски определби на Алијансата, како автономна партија со западна оријентација и дел од евроатлантските министри, однесувањето на нивните двајца министри било спротивно на овие вредности и етничкиот кодекс, па Управниот совет одлучил да бидат разрешени од должностите.
„Оваа работа денес ќе биде завршена“, рече Незири додавајќи дека имаат мнозинство.
Незири кој е од страната на Зијадин Села по несогласувањата со претседателот на Алијансата, Арбен Таравари, рече дека Управниот совет за министри ги предлага Илир Демири и Наим Бајрами.
Во врска со собирот на Таравари со дел од членовите на партиското Собрание, Незири кажа дека собирот бил нелегитимен и присуствувале помалку од 40 членови.
Како што додаде партијата не е поделена, туку претседателот е поделен од партијата, а партиските органи не биле почитувани. Тој му порача на Таравари дека партијата не функционира со статуси на „Фејсбук“.