| |

Тажна вест: Почина Гоце Чушков, познат општественик и борец за независна и демократска Република Македонија

Со длабока тага ја примивме веста дека вчера на 69-годишна возраст почина Гоце Чушков, истакнат општественик од Велес и активен учесник во општествено-политичкиот живот во периодот по осамостојувањето на тогаш Република Македонија.

Неговиот животен пат беше исполнет со посветеност кон градот Велес и неговите граѓани. а неговата работа и јавен ангажман оставија препознатлива трага во локалната заедница.

Се има кандидирано за градоначалник на Велес поддржан од Народното движење за Македонија, Бил дел од ВМРО-ДПМНЕ од првите денови на делувањето на партијата.

Крум Чушков (1929-2009)

Гоце Чушков му беше син на Крум Чушков (1929-2009), познат македонски Бугарин, борец за независна и демократска Македонија и голем македонски патриот. Двајцата беа апсени од страна на органите на ДБК во времето на осамостојувањето на Република Македонија и повлекувањето на југословенската армија од Велес. Истото нешто се случува и по неуспешниот антентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров на 3 октомври 1995. До крајот останаа на своите позиции за самостојна Република Македонија и правото на етничко и национално самоопределување на граѓаните на Република Македонија.

Последната почит кон Гоце Чушков ќе може да се оддаде денеска во 14:30 часот, на гробиштата при црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес.

Нека му е светол патот на овој голем човек и неговиот спомен да живее меѓу сите што го познаваа.

Слични Објави