Теодоракис во 1997 година во Скопје предложи федерација со Грција

//

Познатиот грчки композитор, Микис Теодоракис (93), чиј говор на неделниот митинг во Атина шокираше многумина во Грција, особено кај т.н. левица, пред 21 година, во 1997 година, при престојот во Скопје, имаше сосема спротивни ставови за македонско-грчките односи и проблемот со името.

Во април 1997 година, пред Теодоракис да дојде и да одржи концерт во Скопје, весникот „Етнос“ откри дека на гробиштата „Бутел“ е погребан легендарниот јунак Јоргос Зорбас, од романот на Никос Казанѕакис “Гркот Зорба“.

Во изјава за весникот „Ексусија“ во истата година тој заговараше забрзано затоплување на односите меѓу двете земји.

– Зошто, на пример, да не направиме унапредување на односите – царинска унија или федерација? Мислам дека така прашањето на името ќе се надмине и дека односите на двете земји ќе се доведат до ниво на кое името веќе нема да биде важно – рекол тогаш Теодоракис.



Концертот „Гркот Зорба“ беше одржан во Македонската опера и балет (МОБ), а присуствуваше македонската политичка елита, заедно со претседателот Киро Глигоров. На композиторот му беа укажани сите почести. Посетата беше забележана и во Грција, а изјавите на Теодоракис се најдоа на насловните страници на печатот.

Подолу е видеото од архивата на Јоргос Логотетис, на кое е забележана целата посета на Теодоракис на Скопје.

Претходна статија

Создавањето на нациите

Следна статија

Коѕиас: Скопје јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име

Најново од Вести