Терористот Урош им ги одзеде животите на децата во масакрот кај Младеновац: најмладата жртва има 15 години
Урош Б.(21) кај Младеновац вчера околу 23 часот во терористички акт уби 8 лица, а рани 14 лица.
Во родното село на осомничениот терорист убиени се полицаецот М.П., неговата сестра К.П., како и нивниот пријател Д.Т. Најмладата жртва има 15 години.
Во село Велико Орашје убиени се Н.С., Л.М., А.М., Н.М. Во болниците во Белград и Смедерево се примени 14 лица.
Д-р Грујичиќ соопшти дека двете момчиња од Тиршова се пуштени дома, девојчето се уште е во критична фаза. Критично е и момчето Е.Р., има повреда на ‘рбетниот столб. Останатите пациенти се стабилни.
Пациентот М.М. имал површна рана на градниот кош и абдоминалните ткива и е стабилен и опериран. Девојката Н.Н имала прострелна рана во главата и мочниот меур. И пред операцијата не гледала во левото око, таму се заглавил куршум, а ја чека уште една операција.
Кај М.А. еден бубрег, дуоденум и дел од дебелото црево беа отстранети. Треба да биде извршена ортопедска интервенција. И.И. има скршеницата на бедрената коска и кај горниот дел од ногата. Кај него следуваат ортопедски интервенции. С.Ј. има повреда на градниот кош, објави д-р Грујичиќ.
Двајца пациенти биле донесени во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, едниот бил со тешка повреда на бубрегот и тој му бил изваден. Вториот пациент е стабилен и ќе биде префрлен на ортопедска клиника.
По осум часа убиецот беше пронајден во Вињиште кај Крагуевац, благодарение на интензивната акција на српската полиција, која цела ноќ била на терен со сите расположливи сили.
Урош Блажиќ (21) синоќа изврши масакр на три локации во Младеновац при што уби осум, а рани уште 14 лица.

