ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СКОПЈЕ-КУМАНОВО: СЕ СУДРИЈА АВТОБУС И „ШЕВРОЛЕТ“

Две лица се здобија со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила на патот Скопје-Куманово.

loading...

Како што информира МВР, на 07.12.2020 во 08:30 часот било пријавено дека во близина на село Орланци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет круз“, управувано од 64-годишниот Ж.Д. од Скопје и автобус „ивеко“, управуван С.Б. од Куманово, двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата Ж.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобила сопатничка од автобусот, 35-годишната В.З. од Куманово, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.



loading...