| |

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СТРАЖА – ПОВРЕДЕНИ ДЕСТИНА ЛИЦА

Десетина лица биле повредени во сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража.

Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14:10 часот,  на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот.

Во сообраќајката учествувале еден автомобил „Голф“, еден „Пасат“ и едно патничко комбе.

-Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.



Слични Објави