|

Тешко повреден маж од Кочани, брат му го пронашол со крвава глава

На 24.08.2022 во ОВР Кочани, З.Т.(58) од Кочани пријавил дека во дворно место со повреда на главата го пронашол неговиот брат М.Т.(62) од Кочани.

Тој бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош, по што бил префрлен во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани и се работи на расчистување на случајот.



Слични Објави