ТИЕ ШТО СКЕНИРАЛЕ СМЕТКИ ЌЕ ПОДЕЛАТ 500 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КАКО ПОВРАТОК НА ДАНОК
Се очекува на сметките на граѓаните кои скенирале сметки да легнат парите од редовниот поврат за претходните три месеци и од викендот без ДДВ.
За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари, додека од Викендот без ДДВ околу 63 милиони денари.
Граѓаните преку викендот без ДДВ може да набават било кој македонски производ во вредност до 30.000 денари, а потоа да ја скенираат сметката со што можеа да остварат поврат и до 4.500 денари.
Илјадници граѓани купија мебел од македонски компании, а нешто помал поврат за данок имаше и за IT опрема, каде ДДВ изнесува 5 проценти.
