TOYOTA РАЗВИВА ВОЗИЛО ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА МЕСЕЧИНАТА

Toyota, во соработка со компанијата JAXA (Јапонска агенција за аеронаутика и вселенски истражувања), ќе развива возило за истражување на месечината.

loading...

Станува збор за еден вид возило кое ќе потсетува на Toyota Land Cruiser, а и самото име ќе биде слично – Lunar Cruiser, што е многу јасна асоцијација за намената на возилото.

JAXA и Toyota минатата година потпишале заеднички договор за истражување и развој на лунарен ровер за превоз на луѓе, со предвиден датум на лансирање во втората половина на 2020 година.


loading...

Заедно, работеле на производство на тест делови за секоја техничка компонента и самиот прототип на роверот во текот на 2020 година. Работата вклучува спроведување симулации за тестирање на моќноста и прототипови на гуми, како и употреба на виртуелна реалност и модел во реална големина за за да се одреди распоредот на опремата во кабината на возилото.