Традиции, креативност и пријателство во отворената галерија на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје
Оваа сабота, отворената галерија на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје беше исполнета со бои, инспирација и младешка енергија на изложбата „Моми и петли“, реализирана во рамките на проект на здружението Spiritual Mirror Association / Здружение Духовно огледало, поддржан од програмата „Еразмус+“ на Европската Унија, јавува БКИЦ-Скопје.
Експозицијата ја претстави убавината на традициите создадени со имагинација и љубов од млади луѓе од Бугарија, Украина, Република Северна Македонија и Италија – културен мост меѓу минатото и иднината, меѓу уметноста и пријателството.
Во рамките на настанот се одржа и творечка работилница, каде што деца, млади и возрасни ги обединија своите идеи, фантазија и насмевки. Резултатот од нивната заедничка работа се нови експонати, кои веќе ја збогатуваат колекцијата на „Моми и петли“ и ќе ги красат витрините на БКИЦ – Скопје во текот на пролетта следната година.
Уметноста зближува. Традициите инспирираат. Младите луѓе ги претвораат во иднина, велат од БКИЦ-Скопје!
