ТРАМП БАРА ОД РУСИЈА ДА ЈА ПРЕКИНЕ ПОДДРШКАТА НА СИРИСКИТЕ ВЛАСТИ
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразувајќи загриженост за насилството во Идлиб, Сирија, соопшти Белата куќа, јавува РСП.
Трамп побарал од Русија да ја запре поддршката на злосторствата на сирискиот режим на претседателот Башал ал Асад. Трамп побарал и „политичко решение за конфликтот во Сирија“ кој трае скоро девет години. До овој разговор дојде пред новата рунда разговори меѓу Анкара и Москва кои поддржуват различни страни во конфликтот. Турција која ги поддржува бунтовниците против Асад побара Русија да ги запре нападите врз Идлиб.