|

Тренчевска: Секој поминат миг со децата е бесценет, продолжуваме да вложуваме во политики кои го унапредуваат квалитетот на нивниот живот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со децата од групните домови при Јавните установи „25 мај“ и „11 октомври“ беше во посета на Крушево.

Во текот на целодневната дружба, соопштија од МТСП, децата имаа можност да се возат со жичарницата, што за некои од нив беше прво искуство.

Денешната посета, се наведува, беше можност и за посета на  вечното почивалиште и спомен куќата на Тоше Проески.

Министерката Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и децата од групните домови положиле свежо свеќе и оддадоа почит кон делото на Тоше.

– Спомен куќата на Тоше Проески, беше навистина интересно искуство за децата. Тука можеа да слушнат дел од животот на Тоше и да видат одблиску дел од неговите лични предмети. Заедничката предновогодишна дружба беше заокружена со убава храна и песна, овозможена од Фондација Заев-Едно општество за сите, стои во соопштението од МТСП.

Како Влада и ресорно министерство во чија надлежност е грижата за ранливите категории, најавуваат од МТСП, продолжуваме да креираме политики и мерки кои го унапредуваат квалитетот на нивниот живот.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави