Трибуна ви посакува прекрасна Нова 2026 година
Драги пријатели,
Во пресрет на Новата 2026 година, тимот на порталот Трибуна ви упатува искрени честитки и најтопли желби за здравје, мир и лична исполнетост. Ви благодариме за довербата и поддршката.
Нека 2026 година ви донесе нови можности, храброст за нови почетоци и успех во сè што ве инспирира. Ние ќе продолжиме посветено да работиме, со цел да ви понудиме точни, навремени и содржински релевантни информации, како и простор за аргументиран јавен дијалог.
Ви посакуваме среќна, успешна и достоинствена Нова година!
Со почит,
Тимот на порталот Трибуна

