ТРИКОВИ ЗА НЕЗАБОРАВНА ПРЕДИГРА
Предиграта е неправедно запоставен дел од сексуалниот чин, токму таа е клучна за совршен секс. На многу луѓе, особено на жените, им е потребна долга подготовка за пенетрација која максимално ќе ги возбуди.
Инспирирајте се од овие луди секси идеи и трикови за предигра и овозможете си секс од соништата. Освен што ќе ја разбудите страста во вас, ќе се мотивирате за понатамошно истражување на сопствената сексуалност.
- Дискретно провоцирајте го партнерот во јавност
Сексуалната возбуда и игра во јавност не значи нужно дека треба да имате секс на јавно место. Доволно е да го провоцирате партнерот и да внимавате никој да не ве види. Допирајте се под масата или гледајте се сензуално, дури и најневиниот допир може да стане возбудлив. - Предигра пред огледало
Ако немате огледало во спалната соба, тогаш набавете си. Многу ќе ви се најде за жешка предигра во која ќе уживате и двајцата. Вашиот партнер нека застане пред огледалото, а вие појавете се и заведувајте го така што ќе го гледате неговиот одраз во огледалото. Клекнете на колена и пружете му орален секс додека тој го гледа сето тоа. Бидете сигурни дека долго ќе го памети тоа доживување. - Истражете ги ерогените зони
Машкиот стомак е многу чувствителен, особено во пределот на папокот до препоните. Минете нежно низ таа зона со прстите или со јазикот и чекајте тој да се возбуди. Немојте да заборавите дека оние делови од телото кои немаат врска со сексот можат да бидат многу чувствителни.
Извор: Мисли