Трипуновски: Огревното дрво е скапо заради слабата реализација на ЈП Македонски шуми

/

„Неизвесноста и стравот од можни рестрикции на струја поради енергетската криза ги натера граѓаните спас да бараат во огревното дрво. Но, поради лошото менаџирање и неспособноста на владата на СДС, огревно дрво нема ни за лек.

ЈП Македонски шуми оваа година нема ниту 20 проценти реализација на исечено огревно дрво потребно за задоволување на домашната потрошувачка.

Во услови на енергетската криза кога се повеќе домаќинства кои што се грееле на струја, се ориентираат кон греење на дрва, Македонски шуми немаат доволни количини со овој енергенс.

Граѓаните наместо да бидат услужени во подружниците на ЈП Македонски шуми се препраќаат кај приватните стоваришта. Дека станува збор за смислено сценарио, односно за префрлање на големи профити кај приватни лица, наместо во ЈП Македонски шуми говори фактот што во време на ВМРО-ДПМНЕ реализацијата на годишната сеча се движела до 90 проценти, а само околу 10 проценти од потребите биле задоволувани од страна на приватните стоваришта. За разлика од сега, кога реализацијата е само над 20тина проценти.

ЈП Македонски шуми оваа година, на пазарот на огревно дрво практично понуди 4 пати помалку дрво за греење во однос на минатите години.

Намалената понуда влијае и на зголемување на цените на огревното дрво во приватните стоваришта која се движи над 5000 денари за метар кубен.

Но, проблем нема само со дрвата. Голем дел од граѓаните се греат и на печки за пелети, а недостиг има и таму.



Истиот тренд на зголемување го имаме и кај цените на пелетите, чија цена во однос на лани е зголемена тројно. Ако лани цената беше 12.000 денари за тон, денес еден тон пелети чини над 35.000 денари.

Сето ова е предизвикано од недостатокот на дрвна маса, огревно дрво и дрво за преработка, причинете од недоволното производство на ЈП Македонски шуми.

Љупчо Николовски како ресорен министер, но и целата влада треба да одговори пред граѓаните зошто дозволија да има недостаток на огревно дрво, а со тоа и негово поскапување, кога знаеме дека навремената сеча можела да го реши овој проблем.

Дали народот плаќа скапо огревно дрво и скапи пелети за поединци од власта да се богатат?

Одговорност за лошото менаџирање со институциите, неспособноста и негрижата на власта, не смеат да ја плаќаат граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Ковачевски: Историчарите да се занимаваат со историја, политичарите со политика

Следна статија

Со изведување докази на Обвинителството продолжи судењето за убиството на Тот

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,