| |

Убава вест: Александар од Перник е пронајден жив и здрав

12-годишниот Александар од Перник е пронајден жив и здрав. Детето било пронајдено недалеку од Радомир. Веста инстантно ја преплави социјалната мрежа Фејсбук, откако во првите денови од исчезнувањето на момчето беше организирана невидена волонтерска акција.

БГНЕС потсетува дека 12-годишниот Александар бeше исчезнат од минатиот петок 11 ноември. Вчера таткото на момчето објави парична награда од 100.000 лева за оној што ќе го најде неговиот син.



Слични Објави