| |

ЖЕРНОВСКИ: УБЕДЕН СУМ ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНААТ СЕРИОЗНОСТА НА ОДЛУКАТА ПРЕД КОЈА СМЕ ИСПРАВЕНИ

Денеска во просториите на Министерството за надворешни равоти, Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Андреј Жерновски, ја прими г-ѓа Лујза Винтон, специјален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија.

Состанокот беше во функција на информирање и консултации во однос на престојното 73-то Генерално Собрание на Обединетите Нации, кое ќе се одржува во Њујорк од 24 до 28 септември оваа година, а на кое Заменик министерот Жерновски ќе ја претставува Република Македонија како дел од македонската делегација.

Госпоѓа Винтон ги посочи заедничките предизвици во поглед на борбата против радикализацијата на насилен екстремизам и тероризам, профелирација на оружје за масовно уништување како закана за светкста безбедност, потребата за заедничка акција за подобрување на човековите права и промоција на дијалогот како средство за разбирање и соработка помеѓу нациите.

Жерновски истакна дека Македонија е силен подржувач на мултилатерализмот и дека ќе работи со сите земји членки на Обединетите нации, со цел да се заштитат човековите права, да се подобри безбедноста и да се зачува мирот во светот.

На состанокот стана збор и за актуелните внатрешно-политички состојби, текот на домашните реформи и надворешно–политичките приоритети на Република Македонија, со акцент на актуелностите поврзани со спроведувањето на претстојниот референдумот.

„Убеден сум дека граѓаните ќе ја препознаат сериозноста на одлуката пред која сме исправени, а со приближување на денот на Референдумот, поддршката за евроатлантската иднина на земјава ќе расте сѐ повеќе” потенцираше Жерновски на состанокот. “Ова е неповторлива шанса и сите обединети мора да се вложиме за да и помогнеме на сопствената земја и на сопствените граѓани, во исполнување на нашите аспирација за членство во ЕУ и НАТО”, заклучи Жерновски на состанокот.

Слични Објави