| |

УЧЕНИЦИ ОД СТРУМИЦА СОБИРААТ ПАРИ ЗА ДА ОТИДАТ НА НАТПРЕВАР ВО САД- ДА БЕА ПРАТЕНИЦИ ЌЕ СОБИРАА БЕЛЕШКИ ОД ПАТАРИНИ ЗА ДА ЛАПНАТ ПОГОЛЕМИ ПАТНИ ТРОШОЦИ

Заради немање пари средношколци од втора и трета година училиштетото Јане Сандански од Струмица неможе да заминат на финалниот натпревар по англиски на универзитетот ЈЕИЛ во САД, јавува Тв 24. Потребни се околу 14 илјади долари. Но родителите и училиштето ги немаат овие средства иако учениците ја поминаа прелиминарната рунда, но и полуфиналната етапа во Барселона Шпанија. Нема одговор на барањето од минситерството за образование но и од институциите. На десетина дена пред натпреварот,средношколците и професорите сега бараат средства по фирмите од струмичко за да ги презентираат своите знаења по англиски на Јеил, Америка. Потсетуваме дека додека учениците и родителите собираат пари за да отидат на натпреварот во Јеил, некои пратеници во македонското собрание собираат белешки од патарини и фискални од такси возења за да накалапат повеќе патни трошоци.

Слични Објави