|

Ученици со плачење излегуваат од школо, на игралишта чекаат родителите да ги земат

Учениците од пониските класови во основните училишта во Скопје се евакуираат на игралишта, по денешните дојави за бомби.

Меѓу нив има ученици кои со плачење излегуваат, а вознемирени деца има и меѓу поголемите.

Родителите кои и утрово добија пораки и повици да си ги земат децата се нервозни, многумина излегуваат од работа бидејќи наставниците им кажуваат дека настава нема да има, а на игралиштата не можат да останат цел ден.

Средните училишта кои работат во две смени на учениците од втора смена им е посочиле дека до 12 ќе им кажат дали треба да тргнат кон училиште или ќе нема настава.

Кога ќе почне втората смена зависи од тоа кога ќе завршат антитерористичките проверки.

Наставниците коментираат дека ваквите евакуации предизвикуваат трауми на децата посебно поради тоа што често се повторуваат.

Дојави за бомби утрово до 9.30 часот стигнаа во 12 скопски и едно прилепско училиште, а МВР веднаш ги почна проверките.



Слични Објави