|

Украински официјални лица: Нападот со руски дрон предизвика пожар во Харков

Русија денеска со беспилотни летала нападна цивилни области предизвикувајќи пожар во украинскиот регион Харков, соопштија денеска локалните власти.

Градоначалникот на Харков најави дека пожарникарите го гаснат пожарот и дека сè уште се утврдува дали има жртви во нападот, пренесува „Гардијан“.

Сирените за воздушен напад се огласија и во други региони – во централна, западна и во источна Украина.

Слични Објави