Украинското знаме останува истакнато на зградата на општина Софија
Украинското знаме ќе остане истакнато на зградата на општина Софија. Прашањето дали знамето на Украина да остане истакнато на седиштето на општината предизвикало бурна расправа меѓу советниците во Советот на град Софија, јавува БГНЕС.
Тие изгласале одлука во однос на позиционирањето на знамето. От присутните советници 33 гласале знамето да остане, 11 биле против, а еден советник бил воздржан. Со ваквата одлука бил отфрлен предлогот знамето на Украина да биде симнато.