Бугарија добива од ЕУ 100 милиони евра по пограмата „Техничка помош“ за зајакнување на државните институции
Европската комисија ја одобри програмата „Техничка помош“ вредна повеќе од 100 милиони евра инвестиции кои придонесуваат за ефективно и координирано спроведување на кохезионата политика во Бугарија, кои се фокусирани на зајакнување на административниот капацитет на државните институции, корисниците и партнерите од програмата, соопштуваат од ЕК, пренесува БГНЕС.
Програмата става акцент на зајакнувањето на партнерството меѓу заинтересираните страни како основен принцип за зголемување на ефикасноста на апсорпцијата на фондовите на ЕУ во Бугарија.
Програмата, исто така, ќе ги поддржи активностите за оптимизирање на функционирањето на системот за управување и контрола, особено внатрешната контрола, како што е дефинирано во Националната стратегија за спречување и борба против неправилностите и измамите кои влијаат на финансиските интереси на ЕУ за периодот 2021-2027 година. .
Академијата за фондови на ЕУ финансирана од програмата ќе му овозможи на персоналот на државните органи, регионалните и локалните актери и организации кои спроведуваат финансиски инструменти да го зголемат своето знаење преку обуки, вмрежување, споделување на добри практики и научени лекции. Општините ќе имаат можност дополнително да ги зајакнат своите капацитети во областа на стратешкото планирање, урбаниот развој, јавните набавки, да добијат експертска поддршка за подготовка и реализација на проекти и да го зајакнат своето учество во иницијативите на ЕУ како Хоризонт, Новиот европски Баухаус.
Како суштински елемент на доброто владеење и транспарентноста, мерките за понатамошен развој на Информацискиот систем за управување со фондовите на ЕУ во Бугарија (ИСУМ) ќе бидат поддржани како главна алатка за собирање, сумирање и анализа на податоци, вклучително и за климатските аспекти, и да се проценат процесите за подобрување на рамката за испорака на програмата.
Со поддршка на програмата ќе се забрза развојот на културата на евалуација во јавната администрација, вклучувајќи размена на знаења и соработка со академските институции.
Ќе се обезбеди транспарентност и видливост на активностите финансирани од ЕУ преку насочени мерки и директно учество на мрежата од 27 Регионални информативни центри.