| |

Здружението „Дело“ од Скопje му посака успешна и плодна работа на здружението „Цар Борис III“ од Охрид

Здружението ДЕЛО Скопје му посака успешна и плодна работа на здружението „Цар Борис III“ во пресрет на неговото официјално отворање, што треба да се случи утре во Охрид.

„Здружение ДЕЛО Скопје, во пресрет на утрешното отворање на канцелариите на Здружението ЦАР БОРИС III-Охрид, на истото му посакува успешна и плодна работа, особено во градењето на мостови на пријателство, соработка и добрососедство меѓу РС Македонија и Бугарија.

Патот на РС Македонија е веќе трасиран, а тоа е пат кон ЕУ и европските вредности , при тоа сигурни сме дека Здружението Цар Борис III, ќе даде голем придонес кон заедничкиот пат и евроинтеграцискиот процес на РС Македонија во ЕУ“, стои во соопштението на здружението „Дело“ Скопје.



Слични Објави