VIII Меѓународна летна академија за лидерство „Лидерство преку образование“ ќе се одржи во Кавала, Грција
Во периодот од 9 до 13 јуни 2025 година во Кавала, Грција, ќе се одржи VIII Меѓународна летна академија за лидерство под мотото „Лидерство преку образование“. Настанот е во организација на Високото училиште за телекомуникации и пошти од Бугарија, јавува БНР.
Оваа година гости на академијата ќе бидат:
Илија Лазаров – член на Европскиот парламент, Милен Митев и Кирил Вълчев – генерални директори на Бугарското национално радио и Бугарската телеграфска агенција, Татјана Карова – претседателка на Бугарско-турскиот женски бизнис клуб, проф д-р Добромир Димитров – ректор на Медицинскиот универзитет во Плевен, проф д-р Ивајло Копрев – ректор на Минско-геолошкиот универзитет „Св Иван Рилски“ – Софија и Љубомир Каримански – член на Управниот одбор на Бугарската Народна банка.
Академијата има за цел да ги поттикне младите лидери, студенти и професионалци во развивање на нивните лидерски вештини преку образовни и интерактивни сесии, предавања и дискусии со водечки експерти и јавни личности од регионот

