| |

(ВИДЕО) ИНИЦИЈАТИВА „ИСПРАТИ БУГАРСКА КНИГА ВО МАКЕДОНИЈА“

Во Бугарија од извесно време е во тек иницијативата „Испрати бугарска книга во Македонија“. Преку facebook страната „Изпрати българска книга во Македония“ секој кој што сака да испрати книга може да се координира со администраторите и како што велат самите тие да израдува некој Бугарин од Македонија со дело напишано на бугарски јазик.

Раководителот на проектот Виктор Стојанов во телефонски разговор не’ информираше дека нивната цел е до крајот на оваа година да испратат во Македонија 10 илјади книги.

„Секој граѓанин на Македонија кој сака да добие бугарска книга може да го направи тоа преку контакт со администраторите на facebook страната „Испрати бугарска книга во Македонија“, вели Стојанов.

Стојанов сподели со нас, дека интересот кон иницијативата е солиден посебно кај луѓето од Благоевград, Сандански и Петрич.

„Ученици од градот Петрич и околината исто така ќе се вклучат во иницијативата. Книги од Бугарија за Македонија веќе се испратени од приватни лица од Благоевград, Сандански и други бугарски градови.

Антонио Коларов од Сандански е еден од учесниците во иницијативата. Погледнете што кажа тој пред камерата на еден локален медиум од истиот град:



Слични Објави