(ВИДЕО) КОВАЧЕВ: Г-НЕ ДИМИТРОВ ВИЕ ГОВОРИТЕ НЕВИСТИНИ, БУГАРИЈА НЕМА ПРОБЛЕМ СО СЕГАШНИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК ВО Р С МАКЕДОНИЈА

„Треба да зборуваме врз основа на вистината, а не како што го слушам министерот Никола Димитров дека Бугарија имала претензии кон сегашниот македонски идентитет и јазик. Почитуван господине министер, знаете дека тоа не е така, но вие ги посетувате европските главни градови и говорите меко кажано невистини. Бугарија нема никаков проблем со сегашниот македонски идентитет и сегашниот македонски јазик. Имаме проблем со тоа да се фалсификува историјата и врз основа на тој фалсификат новите генерации да имаат омраза према Бугарите и сѐ што е бугарско“, изјави во емисијата „Брисел 1“ на бугарската телевизија „Бугарија on air“, европратеникот од редовите на Европската народна партија, Андреј Ковачев.

loading...

Ковачев повторно повика дека меѓу Македонија и Бугарија треба да се гради пријателство и добрососедство а не омраза и лаги. Ковачев ги коментираше и списоците со Бугари од Македонија кои се појавија на Facebook и во кои се повикуваше на пресметка на споменатите во истите тие списоци.


loading...

Што уште кажа бугарскиот европратеник погледнете во видеото што следи: