ЕКСТРАДИРАН ЈЕТОН ЛУЖА ТРЕТООБВИНЕТИОТ ЗА УБИСТВОТО НА САЗДО
Третообвинетиот за убиството на Никола Саздовски-Саздо, Јетон Лужа е екстрадиран од Германија дознава А1 Он.
Лужа е лоциран од нашите служби за безбедност во Хамбург и МВР ги информирало тамошните власти, а тие постапиле по меѓународната потерница, која беше распишана.
Никола Саздовски-Саздо беше убиен на 29 јуни 2018 г. на автобуска постојка во Автокоманда. Бесир Беља и Скендер Демири беа осудени на 19 години затвор за убиството на навивачот Саздовски.