|

Mалите партии нема да прифатат измени отворените листи да бидат со предвиден праг од 3 посто

Локалните избори сепак ќе се одржат на 17 октомври иако, претходно премиерот Заев даде предлог тие да се одржат на 31 октомври за кампањата да не се поклопи со пописот.

Од малите партии велат дека нема да прифатат измени отворените листи да бидат со предвиден праг од 3 посто, но и она што сега се предлага со процентот за независните кандидати. Ваков закон ќе го блокираме најавува Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

„Ние предлагаме по природен начин да се формира редоследот на листата, независно дали си прв или не знам 13-ти ако има 13 советници општината тој што ќе има најмногу гласови и редоследот се прави по вкупен број на освоени гласови што е многу просто и едноставно. За отворените листи се утврдува да има праг од 3 посто од запишаните гласачи. Значи обид е за елиминација, инаку карактеристика на ваквите модели каде што се става висок праг е на тоталитарните држави. Сметам дека Македонија тоа време го помина“, посочи Павле Трајанов.

Извор: zoom.mk



Слични Објави