| |

Бугарскиот претседател Радев присуствуваше на отворањето на нов завод на концернот „Рајнметал“- ќе се градат два погони и во Бугарија

Во рок од три недели германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“ треба да потпише договор со Бугарија за изградба на два производствени погони. Информацијата ја соопшти извршниот директор на најголемиот европски производител на одбранбена технологија за време на свеченото отворање на нов високо-технолошки завод во Унтерлуес, Долна Саксонија, јавува БГНЕС.

На покана на директорот Армин Папергер, на церемонијата присуствуваше и бугарскиот претседател Румен Радев. Новата фабрика во Германија ќе претставува најголем капацитет за производство на артилериски гранати во Европа.

На настанот во Унтерлуес беа присутни и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, премиерот на Романија и министри од Европската унија.

Слични Објави