Пет години без Закон за климатска акција – институциите без координација и податоци
Повеќе од пет години Министерството за животна средина не успева да изготви Закон за климатска акција, а во меѓувреме државните институции не разменуваат релевантни податоци неопходни за управување со климатските промени. Ова се наведува во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Во извештајот се истакнува дека во овој период државата нема ажурирани податоци за емисиите на стакленички гасови, бидејќи Националниот инвентар не е обновен откако бил воспоставен.
„Постои неусогласеност, особено во однос на спроведувањето на механизмот за мониторинг и известување за емисиите на стакленички гасови,“ се наведува во извештајот.
