КАРАКАЧАНОВ: НИШТО НЕМА ДА СЕ СМЕНИ ВО БУГАРСКАТА ПОЛИТИКА ЗА МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ ВО НЕДЕЛА
„За жал Македонија се раководи од една политичка елита која ја започнала својата кариера во времето на комунистичка Југославија, кога Бугарија беше основниот непријател и ривал. Политичарите во Македонија во последните неколку децении не успеаја да се оттргнат од тој југословенски комплекс и обидувајќи се да наложат некаков нов македонски идентитет на населението ја продолжија анти-бугарската политика. Политичката елита во Скопје одлучи дека може да ја излаже Бугарија и покрај Договорот за добрососедство, продолжи со анти-бугарскиот начин на зборување. До ден денешен во нивните учебници не е сменет ниту еден збор против Бугарија а таму Бугарите се нарекуваат турско-татарско племе, окупатори на Мкаедонија и сл“, вели во интервју за бугарскиот весник „Труд“, Красимир Каракачанов, Министер за одбрана и потпретседател на бугарската Влада.
Каракачанов додава дека политиката на Бугарија ќе се промени по изборите во недела, но тоа според него нема да се случи без тие да ја променат својата политика.
„Ако тие не се откажат од политиката на анти-бугаризмот, ако не престанат да ги малтретираат луѓето со бугарско самосознание, немаат никаква шанса да влезат во ЕУ“, вели Каракачанов.
