АМЕРИКАНСКАТА И РУСКАТА ВАКЦИНА СЕ НАЈЕФИКАСНИ

                        Коронавирусот COVID-19 е глобална здравствена криза на нашето време и најголемиот предизвик со кој се соочивме од Втората светска војна. Од неговото појавување во Народна Република Кина во 2019 година, вирусот се прошири на секој континент, освен на Антарктикот. Сега достигнавме трагична пресвртница од повеќе од два милиони смртни случаи, а човечкото семејство страда под речиси неподнослив товар на загуба. Бројот на жртви во искачување е зачудувачки и мора да работиме заедно за да го забавиме ширењето на овој вирус. Како успешен начин за контрола и превенција на ширењето на заразата се покажаа вакцините, социјалното дистанцирање и носењето на маски. За да зборуваме за ефикасноста на вакцините мора прво да знаеме што е вакцина и како се направени.

loading...

                       Вакцината е производ што го стимулира имунитетниот систем на една личност да произведува имунитет на одредена болест, заштитувајќи го лицето од таа болест. Вакцините обично се администрираат преку инјекции на игла, но исто така може да се администрираат преку уста или да се испрскаат во носот. Низ медиумите во моментов циклираат разни информации од кои дел се точни, дел се делумно точни, а дел се неточни. Податоците и информациите кои што јас ги објавувам во оваа статија се базирани на наука, а не на пропаганда. По трет пат, при голема светска криза, во Македонија се среќаваат да помагаат Америка и Русија по 1945 и 1963 година. Американските вакцини од компаниите Фајзер и Модерна и руската вакцина Спутник V се покажаа како најефикасни. Во следнава скала ми се подредени вакцините според нивната ефикасност:

  1. Фајзер – 95%
  2. Модерна – 94%
  3. Спутник V – 92%
  4. АстраЗенека – 81%
  5. BBIBP (CorV) – кинеска вакцина – 79%

Како што може да се види од скалата, американските и руската вакцина нудат најголема заштита додека пак кинеската нуди најниска заштита. Сите вакцини нудат 100% заштита од хоспитализација или смрт. За време на процесот на вакцинација како светски лидери се покажаа Израел, Велика Британија и Америка. Во Државата Израел листата на невакцинирани лица јавно се објави. Израел користеше исклучиво Фајзер вакцини. Тие за разлика од Европската Унија добија први вакцини заради тоа што платија дупла сума по вакцина и ја прифатија одговорноста да биде на товар на државата, а не на компанијата Фајзер. Израел ќе биде прва државата во Светот во која што ќе заврши ковид кризата. За време на целокупниот период излезе на виделина неспособноста на владата од Скопје, како и негрижата на поединци од владата кои што заминаа на одмор на егзотични локации.

                       Јас, како жител на градот од Македонија кој прв ќе стекне колективен имунитет би сакал да ги повикам македонските граѓани, особено оние кои што се од ризични категории и не се прележани од вирусот масовно да се вакцинираат, без разлика дали истото ќе го направат кај нас или во некоја од соседните држави. Вакцините ќе почнат да дејстуваат и да ни дадат целосна заштита по две недели од последната доза. Отприлика толку време е потребно за нашиот имунолошки систем да постави одговор на антитела кон вакцината. Сите вакцини работат на овој начин. Ви посакувам добро здравје.


loading...

Автор: инж. Лаки Лучијано Петрески, МБА кандидат