ПОРАДИ НЕСПОСОБНОСТА НA ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, ЗДРАСТВЕНИОТ СИСТЕМ ОД ДЕН НА ДЕН СЕ ПОВЕЌЕ СЕ РАСПАЃА

Вести Истакнато Македонија

Здравствениот систем од ден во ден се повеќе се распаѓа. Неспособноста на министерот излегува на виделина. Филипче е канцерот на македонскиот здравствен систем. Филипче одлучи да ги префрла Детската кардиохирургија во приватна клиника и трансплантацијата на органи во приватни болници како да се од татко му, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче наместо да инвестира во јавното здравство за да се задржат лекарите во Македонија, тој решава да полни џебови на одредени поединци.

Самиот министер и СДСМ со оваа одлука ги отворија вратите на нашите млади лекари на големо да си заминуваат од земјата.

Сето ова претставува уништување на се што е создадено во здравствениот систем.

Министерот склучува договори во четири очи, се распаѓаат болниците, недоволно се обезбедуваат лекови за луѓето со ретки болести, едноставно со еден збор тој спроведе само еден проект „распад на здравствениот систем“.

Ова е доволно да се согледа неспособноста на Филипче како министер и на владата која ја води аболицираниот Заев. Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година ипол. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилото и на ракот на здравствениот систем, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.