| |

ВЛАДАТА СО ПОВИК ДО ХОТЕЛИЕРИТЕ ДА ПОМОГНАТ ЗА СМЕСТУВАЊЕТО НА ЛУЃЕТО ВО КАРАНТИН

Владата на Република Северна Македонија објавува јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.

Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.

Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 29 март (недела) до 12:00 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: [email protected].

Јавниот повик на веб страницата на Владата е на следниот линк: https://vlada.mk/node/20749

Слични Објави