| |

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА БАРА ДА ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТИ СЈО БЕЗ КАТИЦА ЈАНЕВА

По оставката што пред две дена ја депонираше шефицата на СЈО, Катица Јанева, реагираше Европската комисија која препорачува да продолжи работата на Специјалното јавно обвинителство

Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања – стои во
соопштението од ЕК.

Оставката на Јавена се поврзува со Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), кои се притворени поради рекет на бизнисмен.

Од ЕК сметаат дека е важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство, пишува „Независен“.



Слични Објави