| |

СПАСОВСКИ И КАРАКАЧАНОВ ПОТПИШАА ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА ВО СФЕРАТА НА БЕЗБЕДНОСТА

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за одбрана и заменик премиер на Бугарија, Красимир Каракачанов денеска во Охрид потпишаа Протокол за соработка меѓу Владите на Македонија и Бугарија во сферата на безбедноста и борбата со трговијата и криумчарењето на луѓе.

Протоколот предвидува помош за жртвите на трговијата со луѓе, заеднички обуки и активности за спречување на трговијата и криумчарењето на луѓе и сл.

Во однос на средбата во Охрид Спасовски преку социјалната мрежа facebook го изрази следниот став:

„Живееме во свет во кој сме упатени едни на други, делиме исти предизвици и се соочуваме со исти опасности. Борбата пртив организираниот криминал не познава граници, што не упатува на заедничка акција. Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе, при што согледавме дека се потребни дополнителни напори преку креирање на зајакнат билатерален и регионален пристап. Свесни сме дека единствено преку градење и имплементација на заеднички иницијативи ќе се создадат цврсти темели за добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување и доверба“- вели Спасовски.

Слични Објави