Петков: Никакви одлуки во однос на РС Македонија и Украина нема да бидат донесени надвор од бугарскиот Парламент
Бугарскиот премиер Кирил Петков повторно ја информираше бугарската јавност дека нема да бидат донесени никакви одлуки по темата Северна Македонија и Украина надвор од бугарскиот Парламент.
„Повторно сакам да ве информирам вас претставниците на медиумите и коалиционите партнери дека никакви одлуки по темите РС Македонија и Украина нема да бидат донесени надвор од бугарскиот Парламент“, изјави Петков на денешниот брифинг пред почетокот на коалицискиот Совет во бугарската Влада.
