МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАЛ 83-ГОДИШНА КАВАДАРЧАНКА И ЈА ОГРАБИЛ
Малолетник нападнал 83-годишна кавадарчанка и одзел пари од неа, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Вчера во ОВР Кавадарци, С.П.(83) пријавила дека околу 08:10 часот во нејзиниот двор била физички нападната од малолетник, кој одзел пари од неа. По преземени мерки, малолетникот бил пронајден и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Додевски.

